Димовски до власта: Ако донесете Изборен законик без опозицијата, влегувате во голем ризик
Денеска во 17:30 часот започна седницата на која се расправа за измените во Изборниот законик. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на своето обраќање ѝ порача на власта дека ќе влезе во голем ризик доколку донесе изборен законик без опозицијата.
„Груби, мислам дека треба да ја прекинете седницата поради тоа што ги немате амандманите пред вас и вториот аспект е политичкиот. Сакам да ви доволам дека веќе разлетавте, а целта ми е да ви ја разбудам совеста“, кажа Димовски.
„Знаете што се зборува надвор? Дека СДСМ е ВМРО уклучено на најјако. Во Собраниево двајца се најважни. Тоа се Груби кој ми е пријател и Џафери кој е исто мој пријател. Ние другите џабе облекуваме костими, џаме земаме плата. Ветувавте покана за ЕУ добивте пејпер во фаца, ви кажаа дека сте покорумпирани од било кога. Тоа се сигнали до вас, тоа е штета за вас. Мојот апел до вас е, да прекинете без утврдување на дневен ред. Да престанете со насилие. Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако вака не било“, рече Димовски и одаде дека закажувањето на седницата е во афект поради непостигнување на договор за финансирање на политички партии.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа