СДСМ не дава а ВМРО-ДПМНЕ не бара аменстија

Премиерот Заев вели дека не дава аменстија, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека не ја бара. Вчерашната лидерска средба помина без многу информации за она што било договорено на неа но интересно е што и Мицкоски и Заев кога станува збор за аменстијата излегоа со комплетно спротивставени позиции.
Заев рече дека аменстија нема да има, а Мицкоски одговори дека СДСМ манипулира и дека во разговорите за законите за финансирање на политичките партии и за Влада воопшто не се спомнала амнестијата.
И во соопштението објавено утрово, од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека аменстијата не е дел од разговорите.

„Обидите на Зоран Заев да ја манипулира јавноста со измислени образложенија дека некој бара амнестија за некаков криминал беа оценети како несериозни“, се вели во соопштението на партијата

Но СДСМ и во реакцијата утрово повторно темата ја врати на аменстијата

ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека договорот ја носи Македонија напред, но нив ги интересира само личен интерес и амнестија и затоа се трудат да ја лажат јавноста. Постигнатиот Договор за 25 годишниот спор со Грција го гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност.“ – се вели во соопштението на СДСМ

Опозицискиот лидер Мицкоски беше тој кој на почетокот на месецов најави дека неговата партија ќе подготви Закон за аменстија за настаните од 27 април. Сепак неговата партија во повеќе наврати потврди дека овој Закон воопшто не е никаков услов за учеството на ВМРО-ДПМНЕ во процесите.

 

 

 

 

20.07.2018 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега