СДСМ: Кочниците за ДИК се кочници за волјата на граѓаните

Дпмневските кочници за ДИК се кочници за волјата на граѓаните и за македонската иднина, ние тоа нема да го дозволиме. СДСМ нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да ги блокира реформите, а со тоа да ја блокира државата и нејзината иднина, реагираат од СДСМ преку соопштение.

Измените на изборниот законик што беа направени во мај во согласност со сите партии предвидуваа обврска Државната изборна комисија да биде избрана во рок од триесет денови од стапувањето на сила на измените. Но, очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ како на власт така и во опозиција, продолжува да не ги почитува договорите и законите, со цел се пазари за амнестија.

Со своето однесување, ВМРО-ДПМНЕ не само што го прекрши договореното туку и го попречува спроведувањето на законот. Наспроти блокадите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство ја презедоа должноста да овозможат формирање на ДИК и спроведување на договорениот закон.

Важно е да се напомене дека и при избор на членови на ДИК со апсолутно мнозинство, ќе се почитува одредбата дека опозицијата предлага свои членови, токму онака како што е договорено.

Деструктивните сили предводени од ВМРО-ДПМНЕ нема да го закочат изборот на ДИК и со тоа да го загрозат правото граѓаните да одлучуваат за својата иднина. Граѓните на референдум, слободно и без притисоци ќе кажат ДА за влез во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

20.07.2018 - 19:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега