Димитриевски: Ако се точни тврдењата за тендерите мора сами себе да се осудиме

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски се огласи на Фејсбук по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за тендерите во здравството.

Ниту јас, ниту премиерот Заев, ниту сопартијците, симпатизерите и сограѓаните, уривавме режим, криминал, беззаконие, корупција, за да на сите нас ни се случува “deja vu”.
Доколку и 1 промил од овие тешки обвинувања за тендерите, грантовите... е точен, мораме да се свртиме кон нас самите, и јавно да ги осудиме и корегираме овие девијантни однесувања!
#ЖивотЗаСите нема да дозволиме да биде живот за некого или живот за мене бидејќи така многу лесно ќе преминеме на “темната страна”.
Политиката е како атлетика, штафета 4х100. Само еден од тимот да е послаб или немотивиран, целиот тим губи.
Јас не сакам ниту ќе дозволам да губи мојот тим - ГРАЃАНИТЕ на Македонија!

 

 

 

 

22.07.2018 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега