Арсовски: Единствено за кое што ги бива функционерите на СДСМ се иновациите во криминалот- тука им нема рамни

Единствено за кое што се способни и за кое што ги бива функционерите на СДСМ се иновациите во криминалот. Тоа можевме и да го видиме изминативе денови. Тука им нема рамни. Кога станува збор за грабеж на парите на граѓаните, криминалниот картел на власт е број 1 и во Европа, а се бори за врвот и во светски рамки. Само на тоа мислат. Како да украдат што е можно повеќе и тоа да го сокријат, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-Измислија „реинкарнации“, „леења на иднината“ и куп други апсурдни проекти само за да си поделат 10,5 милиони евра на фирми на нивни функционери. Мислат дека во 21 век младите во Македонија не следат што се случува на полето на технологијата и развојот па може да им се продадат како иновација проекти од типот „ајде на одмор“. Додека на МИТ универзитетот во топ 10 иновации стои развој на целосно артифициелни ембриони, Заев, Анѓушев и Деспотовски, доделуваат милиони евра за иновации од типот „набавка на печатарска машина“, „изработка на нови модни колекции“ или „рекламно стакло“. Очигледно доцнат повеќе од стотини години, рече Арсовски и додаде:

„СДСМ се фатени на дело со скандалот криминални иновации. Јавноста е сведок дека СДСМ парите на граѓаните ги дели на партиски ликови со цел да им се оддолжат за финансирањето на партијата или поддршката на СДСМ изминатите изборни циклуси. Фондот за иновации се претвори во фонд за финансирање на фирми блиски до СДСМ и фирми на функционери од СДСМ. Освен фирмата „Каст Инвест“ за која што можевте да чуете изминативе денови во која сопственик е Кочо Анѓушев, грант од 10 милиони денари и бил доделен и на печатницата „ГИНИС“ каде косопственик е пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец. Па така го прашуваме Хари Локвенец што тоа иновирал и каде му е пријавен и заштитен патентот за кој што земал толкава сума на пари? Зошто Локвенец како и сите други луѓе во Македонија не зел кредит за да набавува опрема и за тоа да плаќа на комерцијални банки со камата, а не да добие неповратен грант, кој не само што нема камата, туку и воопшто не се ни враќа“.

Скандалот, потенцира тој, добива загрижувачки размери, бидејќи народни пари се испумпуваат за да завршат во приватни џебови под сомнителни критериуми.

-Срамота е што се потценува јавноста дека прво не знаеле дека партиски фирми учествувале и добиле мрсни грантови, па потоа дека и тие имале право да учествуваат на истите повици, па за на крај дека ќе ги врателе парите. Парите што ќе ги вратат ќе ги вратат, но тие и ќе одговараат за ова дело. Тоа што се обидоа во време на менување на име да заработат народни пари е класичен грабеж од џебот на граѓаните. Очигледно не им успеа намерата ако помине – помине, ако не помине ќе глумиме светци и како големи хуманитарци ќе враќаме грантови. Почитувани, Народот ве прочита какви ситни души сте вие политичките – бизнисмени од СДСМ, подвлече Арсовски и додаде:

„Тоа што се работи за 150 илјади евра не ве амнестира, бидејќи и Ал Капоне беше фатен во ситен криминал, а потоа одговараше за сите криминали кои ги правеше, но поради корумпираната власт и судство беше толериран. Ќе дојде време кога судовите ќе бидат ослободени од канџите на СДСМ и сите вмешани во овој скандал и во многуте други кои сериски се прават ќе одговараат пред лицето на правдата ве уверуваме“.

 

 

 

 

23.07.2018 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега