При претрес во домот на малолетник од Гостивар, полицијата пронајде пиштол, куршуми, марихуана и што уште не

Вчера од период од 19,30 до 21,00 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, извршиле претрес во домот на  17-годишен жител на  село Чегране, гостиварско.

„При претресот пронајдени се: пиштол „Зораки“ калибар 9 милиметри со два куршума од истиот калибар, едно најлонско ќесе со марихуана, дробилка со остатоци од ваква материја, безбол палка, два метални боксирача, нож, црн спреј... “ јавува полицијата.

Пронајдените предмети се фотодокументирани и со потврда одземени за вештачење, додека малолетникот, во присуство на негов роднина,  бил приведен во Полициската станица Гостивар и задржан за натамошна постапка.                                            

 

 

 

24.07.2018 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега