Со автомобилот излетале од пат: Две лица итно донесени на скопските Клиники

Околу 01 часот по полноќ било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар - Кичево, на почетокот од Новоселскиот мост, 53-годишниот Е.А.  од село Јагол-кичевско управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со австриски регистерски ознаки, излетал од коловозот. 

Возачот и неговата сопатничка Ѓ.А.(40) се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во гостиварската општа болница, а потоа биле пренесени на скопските клиники.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на настанот.

 

 

 

25.07.2018 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега