Полицијата фати мигранти на Табановце - тие им раскажале каков хорор доживеале

Вчера во 11:30 часот на железничката пруга Табановце- Прешево, од страна на полициски службеници биле откриени осум лица-мигранти од Иран.

При тоа, лицата пријавиле дека истиот ден откако оствариле илегален влез од Грција во Македонија, на околу 200 метри пред граничната линија со Србија, две непознати лица, со закана со нож, извршиле разбојништво над истите, при што им одзеле 8.000 евра.

Од страна на екипа од Црвен Крст на мигрантите им била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

 

 

 

25.07.2018 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега