Возило излета кај Ресен: Четири лица повредени

Во 02,40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-село Долно Дупени патничко моторно возило “Ауди А3“ со ресенски регистерски таблици управувано од 34-годишниот А.Т. од Ресен излетало надвор од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле тројцата сопатници во возилото, Ф.З.(29), А.Е.(22) и К.Н.(22).

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

26.07.2018 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега