Страшна несреќа во Македонија: Возило влета на бензинска во столб за точење гориво

Во 23,15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола на место викано Беровци патничко моторно возило “Голф“ со прилепски регистерски таблици управувано од 19-годишниот А.Т. од селото Дреновци изгубило контрола над возилото и удрило во столб за точење на гориво и метален столб од бензиската пумпа.

Во незгодата возачот и сопатникот И.Т.(19) се здобиле со телесни повреди, додека сопатничката М.Т.(19) се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општата Болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

26.07.2018 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега