Јовески: Продолжува истрагата на случајот за Никола Саздовски

 

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска, на собраниска седница, одговорајќи на пратеничко прашање, рече дека случајот за Никола Саздовски не е затворен и истражувањето продолжува. 

Јовески нагласи дека во овој момент не може да каже дали истрагата ќе биде проширена.

- Ве уверувам дека за секој што ќе се утврдат криминални дејства со соодветни докази, ќе биде поднесено соодветно обвинение. И во овој момент Обвинителството постапува во овој случај, но  дали истрагата ќе биде проширена во овој момент не можам да соопштам. Тоа ќе зависи од вештањата и доказите, потенцира јавниот обвинител.

Прашањето за Саздовски го постави пратеникот Павле Богоевски. 

 

 

 

26.07.2018 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега