Соработник на Заев со закана: Не гарантирам коректност на Албанците ако пропадне референдумот
Советникoт на премиерот Заев и претседател на Евроатланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани во дебатна емисија на Алфа ТВ вели дека искажува личен став, а не предупредување, но инсистира на искреност.
– Албанците ќе бидат коректни во целиот процес, но ако не успее овој договор и ако ги загубиме сите шанси за НАТО и ЕУ, тогаш не гарантирам за коректноста на Албанците во нивното однесување понатаму. Ако не успееме да влеземе во НАТО и ЕУ, може да се случи еден крстопат, нешто друго што нема врска со демократски процеси, евроатлански процеси, изјави Исмет Рамадани.
27.07.2018 - 09:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа