Мотор се заби во автомобил: Страшна сообраќајка во Скопје

Во  11,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Филип Втори“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.С. и моторцикл „Априлја“ со скопски регистерски таблици управуван од П.Б.

Во незгодата со повреди се здобил  моторциклистот на кого му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

31.07.2018 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега