Црн ден во Македонија: Три лица пронајдени мртви

Три лица се пронајдени мртви во текот на вчерашниот ден во 3 одвоени случаи низ Македонија.

Педесет и седумгодишниот М.Ј. вчера бил пронајден мртов од страна на неговата сопруга покрај отворен трансформатор во деловниот круг на „Млин Декамел“ во с.Тремник, Неготинско.

Како што соопшти МВР, случајот во Полициската станица Неготино го пријавиле вчера изутрина во 07:00 часот  од Итната медицинска помош од Неготино.

Извршен бил увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Телото на мртвата жена која синоќа беше пронајдена во водите на Тиквешко Езеро е дадено на обдукција, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

- Синоќа  во 20.00  часот во ПС ОН Кавадарци пријавeнo е дека во водите на Тиквешко eзеро, кај место викано „Голеш“, е пројдено починато лице. Утврдено е дека се работи за Н.Ч.Ш. (72) од Кавадарци. Медицинска екипа од ЈЗУ Општа болница – Кавадарци изврши преглед на лицето и констатираше дека истото е починато. Телото е предадено на Институтот за судска медицина Скопје за обдукција, појасни Додевски.

Шеесет и шест годишниот П.Ц. бил пронајден починат во село Олевени Битолско.

Како што соопшти МВР, случајот вчера околу 15,15 часот во Секторот за внатрешни работи Битола го пријавил неговиот син З.Ц., кој изјавил дека татко му бил пронајден починат во фаза на распаѓање.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола, а по Наредба на Јавен обвинител  телото на починатиот било предадено за обдукција

 

 

 

 

 

31.07.2018 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега