Се превртел со моторот: Младо момче итно на Ургентен во Скопје

Околу 16,10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани кај селото Тркање, мотоцикл „Геелу“ со кочански регистерски таблици управуван од 29-годишниот Т.Ц. од селото Бели, се превртел и мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди.

По укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа во Кочани, поради сериозноста на повредите, истиот бил префрлен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Кочани и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

31.07.2018 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега