Тешка несреќа синоќа во Македонија: Едно лице на Ургентен

Едно лице било повредено вчера при сообраќајка помеѓу трактор и патнички автомобил во неготинско, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Сообраќајната незгода била на регионалниот пат Неготино - село Лакавица. 

- Тракторот марка „ИМТ 539“ со неготински регистарски броеви бил управуван од Ж.П.(65) од село Пепелиште неготинско, а патничкиот автомобил марка „фолјсфаген голф“ со неготински регистарски броеви го управувал Г.Г.(40) од Неготино, појаснува Додевски. 

Во незгодата бил повреден возачот на тракторот и тој по укажаната медицинска помош во Општата болница – Неготино, заради карактерот на повредите, бил пренесен на лекување во Ургентниот центар - Скопје.

Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Неготино. 

 

 

 

01.08.2018 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега