Ужасна несреќа во Скопје: Лифтот му паднал на грб додека го поправал

Бизарна несреќа се случила вчера кога во 14.15 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, било пријавено дека кај нив бил донесен 28-годишниот Г.П.  од Агино Село, кумановско, вработен во приватна фирма.

Додека вршел поправки на лифт во комплекс згради на булеварот „Србија“, лифтот ненадејно тргнал и го повредил во пределот на вратот и грбот.

Од страна на лекар, кај Г.П. биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

01.08.2018 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега