Вилушкар падна и згмечи двајца работници - бизарна несреќа во Скопје

Околу 19.30 часот било пријавено во приватна фирма на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, 37-годишниот Е.М. со вилушкар се доближил до товарно возило „Сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со цел да се истовари една машина која била во камионот.

Ја товариле машината во вилушкарот и ја врзеле со каиш.

Откако го паркирал вилушкарот се доближиле лицата С.С. (60) од Мала Речица, тетовско и Н.И. (43) од Требош, тетовско, возачи во друга приватна фирма. При обид да ја истовараат, машината паднала врз нив. Со возило на Итна медицинска помош Н.И. бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

С.С. бил префрлен во Градска општа болница „8-ми Септември“ и кај него биле констатирани тешки телесни повреди. И двајцата биле задржани на понатамошно лекување.

За настанот бил известен Државен инспекторат за труд.  Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

01.08.2018 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега