Апсење на скопскиот Аеродром: Му го провериле пасошот и веднаш го привеле

Пет минути по полноќ на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека 21-годишниот В.С.  од Гостивар се наоѓа на листата со мерка „А” (апси) за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл.215 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија. 

Лицето било лишено од слобода и во 02.00 часот било предадено на полициски службеници од Полициско одделение Петровец за понатамошна постапка.

 

 

 

01.08.2018 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега