Им кажале дека се од Македонија - семејство со дете со часови малтретирано од грчката полиција
Со петгодишно дете македонско семејство тргнало во Грција, а цариниците кај Кукуш со часови ги малтретирале. Приказната ја пренесува Инфомакс, до кој се обратило семејството.
- „Веднаш откако ја преминавме границата, во близина на Кукуш(Килкис) не застана сообраќајна полиција, иако немаше никаква причина освен можеби тоа што немавме безбедносни појаси. Откако ни напишаа казна не прашаа од каде сме, јас одговорив дека сме од Македонија по што полицаецот налутено изреагира. Потоа ми ја зема сообраќајната и возачката дозовола, ги отстрани регистарските таблички и ни кажа дека ќе можеме да си ги земеме по шест месеци", вели член на семејството за порталот и додава дека со детето биле во полициска станица и по три часа едвај им ги вратиле пасошите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа