Страотна сообраќајна несреќа во Пробиштип

Во 21.10 часот на крстосницата од улицата „Јаким Стојковски“ и улицата „Никола Карев“ во Пробиштип се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „Рено Меган“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот Љ.М. од Пробиштип и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од К.Ј.(21) од Злетово, пробиштипско. 

По незгодата, возачот на мотоциклот бил пренесен во Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип и по укажаната лекарска помош бил препратен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување.

Увид на местото изршила увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

 

 

 

01.08.2018 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега