Премиерот Заев попладнево на тет-а-тет средба со Палмер
Премиерот Зоран Заев попладне во 17 часот ќе има средба со вршителот на должност заменик помошник државен секретар на САД Метју Палмер, соопшти денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Бошњаковски рече дека во текот на денот Владата ќе соопшти детали, а медиумите вообичаено ќе може да ја проследат средбата.
- Средбата ќе биде попладнево, во зградата на Владата. Во наредниве час и половина ќе биде испратена најавата. Ќе може да се снимат инсерти, а по средбата ќе има соопштение кое ќе ги опфати сите детали за кои е разговарано, истакна Бошњаковски.
01.08.2018 - 11:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа