Охрид: Сакал да им помогне па останал без пари

Утрово околу 05:20 часот во СВР Охрид, 26-годишниот Б.Д.  од Богданци пријавил дека истиот ден околу 04:30 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид две непознати лица му извршиле разбојништво.

Додека се движел пеш бил пресретнат од едно лице кое го прашало дали може да го одведе до најблиското тобако. Движејќи се, им се приближило патничко возило „Пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки, од кое излегло едно непознато лице, кое насилно го приближило до ѕид, додека другото лице од џебот му одзело 13.000 денари, по што со возилото заминале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

01.08.2018 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега