Ова е најчестата измама периодов: Внимавајте, скопјанка остана без пари

Вчера во 13:00 часот во Полициската станица Драчево 63-годишната Д.Л.  од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10:00 часот на улицата „Сердарот“ од страна на непознато лице и била извршена измама за сума од околу 10.000 денари.

Лицето дошло во домот на пријавителката и понудило огревни дрва во количина од пет кубни метри, но со изговор дека дрвата биле на друго место.

Нејзиниот сопруг заминал со лицето за да ги види дрвата, но тој набрзо се вратил кај пријавителката и и кажал дека нејзиниот сопруг го пратил по што таа му ги дала парите.

 

 

 

01.08.2018 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега