Младо момче излета од пат - тешка несреќа кај Тетово

Во  20.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Попова Шапка-Тетово, пред влезот за селото Шипковица, патничко возило „Киа рио“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот М.Р.  од Тетово, излетало од патот. 

Во незгодата со повреди се здобил возачот М.Р. кој со друго возило бил пренесен во Клиничката болница-Тетово и по укажаната лекарска помош бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

06.08.2018 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега