Ужасна несреќа кај Стајковци: Младо момче се заби во ограда

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 22 часот било пријавено дека на обиколница кај село Стајковци, патничко моторно возило „Хонда сивик“ со скопски регистерски таблици управувано од 19-годишниот Д.Г. од Скопје излетало од патот и удрило во метален браник и бетонска ограда.

По незгодата, со возило на Итна медицинска помош, возачот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

07.08.2018 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега