Страшна сообраќајка во Скопје - еден итно однесен во болница

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 10:50 часот било пријавено дека на улицата „Скупи“ се случила сообраќајна незгода помеѓу Мотоцикл „БМВ адвентор“ со скопски регистерски таблици управуван од 48-годишниот Б.Х. од Скопје и патничко моторно возило „Хундаи И30“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.П.(50) од Скопје. 

По незгодата Б.Х. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница “8 Септември“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

07.08.2018 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега