Скопјанец излета со возилото и падна во канал

На магистралниот пат Велес – Штип, кај селото Каратманово, товарно возило „Мазда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот С.Н. од Скопје, излетало надвор од коловозот и паднало во канал за атмосферска вода.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот  кој бил пренесен во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.  

 

 

 

07.08.2018 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега