Пукање во Гостивар: Го донеле крвав со куршум во стомакот

Во 17.30 часот вчера во Центарот за известување и команда Тетово, од Ургентниот центар Гостивар, било пријавено дека кај нив бил донесен 34-годишниот А.Ш. од селото Корито, гостиварско, со повреда од огнено оружје во пределот на десната страна на стомакот.

Тој со возило на итна медицинска помош, бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

 

 

07.08.2018 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега