Куршум заврши во возилото на тетовчанец

Во 22.50 часот во Полициската станица Тетово, 42-годишниот Р.М.  од селот Теарце, тетовско, пријавил дека истиот ден околу 22.20 часот, додека се движел со неговото патничко возило „Фолксваген Пасат“ со швајцарска национална ознака по регионалниот пат Тетово-село Јажинце, слушнал силен удар во пределот на кровот.

Кога излегол од возилото забележал дека е оштетено од заталкан  проектил од огнено оружје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

07.08.2018 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега