Велес: Малолетник од мотор паднал на улица - итно однесен во болница

Вчера утрината околу 5 часот на улицата „Алексо Демниевски“ во Велес, 19-годишниот В.Н. од Велес додека управувал мопед „Априлија“ со велешки регистарски таблици на коловозот паднал 17-годишниот сопатник од мопедот. 

По незгодата, со возило на итна медицинска помош тој бил пренесен во Општата болница во Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.  

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

08.08.2018 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега