Тепачка меѓу две семејства во Гостивар: Се удирале со разни предмети - 8 лица повредени

Синоќа во 22:00 часот во населбата Фазанерија 2 во Гостивар настанала физичка пресметка помеѓу две групи, семејството на И.П. и нивните пријатели и семејството на А.Б. и нивните пријатели. 

Во тепачката биле користени разни предмети од двете страни. 

Во тепачката со телесни повреди се здобиле лицата Б.Е. (33) од Тетово, И.Б. (27) од Гостивар, А.Б. (34) од Гостивар, Е.П. (32) од Гостивар, Е.П. (22) од Гостивар, М.П. (49) од Гостивар и Е.Н. (18) од Гостивар. Додека со тешки телесни повреди се здобило лицето Б.Ф. (26) село Теарце, тетовско. Тој, по укажаната помош во гостиварската болница, а поради сериозноста на повредите, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

08.08.2018 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега