Најтоплиот дел од летото: Временска за до крајот на неделата

 

Продолжува периодот на сончево и нормално топло време со не многу високи температури на воздухот кој во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени,  стои во временската на Славчо Поповски.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утре особено на планинските места ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи во попладневните часови.

УВ индексот ќе има висока вредност и ќе изнесува претежно коефициент 8, понекаде и 9.

 

 

 

 

08.08.2018 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега