Временска прогноза до недела: После пеколните температури, следува невреме

 

 Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ индексот ќе биде осум. 

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21 степени, а дневната температура од 27 до 36 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Утринската температура до 19 степени, а дневната температура ќе достигне до 35 степени. 

Утре ќе има изолирана појава на нестабилност, главно во планинските подрачја, а кон крајот на денот и в сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.

 

 

 

09.08.2018 - 07:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега