Тешко повреден параглајдерист на планината Галичица

Вработен во националниот парк „Галичица“ вчера во 14:50 часот пријавил дека под врвот „Баба“ на планината Галичица забележал параглајдерист кој паднал на карпа. 

Полициски службеници излегле на местото и го пронашле 37-годишниот О.В. од Украина, кој бил во контактибилна состојба. Во разговор тој изјавил дека во непосредна близина на превојот на место викано „Баба“ паднал и се здобил со повреда на зглобот од десната нога и во пределот на половината. Од страна на планинската спасувачка служба од Охрид лицето било извлечено, а од екипа на Итна медицинска помош било пренесено во  болницата „Св.Еразмо“-Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување надвор од животна опасност. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

 

 

 

09.08.2018 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега