Јакуповиќ: Уцените од ПДТ нема да ме замолчат
Актерот Един Јакуповиќ вели дека добива уцени и закани за својата иднина, како и омаловажувања на приватен и на професионален план, после неговата објава за узурпација на јавна површина од возило на сегашниот министерот без ресор и поранешен претседател на Партијата за движење на Турците.
„Често се движам низ градот и од тој ден забележувам непознати ликови кои се движат позади мене и потоа го менуваат правецот!? Политички елити од турски партии, можеби професионално повторно ќе ме егзекутирате но никогаш нема да премолчам атак врз граѓанинот бидејки вие што се криете позади тие фини етнички партии и го уценувате и заплашувате народот најмногу им штетите на реформите кои се одвиваат во здрава и позитивна насока!
Политичките профитери од турските политички партии на власт ПДТ- ТДП повторно го малтретираат, уценуваат и тероризираат граѓанинот за политички поени! Притисоците и заканите кон мене и повикот за линч е затоа што јавно го кревам гласот за вистински еднакво општество за сите, не терор нанесен од турските политички партии“, напиша Јакуповиќ на Фејсбук.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа