Шекеринска се огласи на социјалните мрежи: „Нема да се користи осиромашен ураниум"

 

Апсолутно неточно. Нема да се користат бомби со осиромашен ураниум ниту ќе се вршат вежби кои на било каков начин го загрозуваат здравјето на граѓаните. Ве молам споделете.

Ова го напиша денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот профил откако на социјалните мрежи се појавија сомнежи дека на Криволак ќе се користат бомби со осиромашен ураниум и дека тоа лошо ќе влијае врз здравјето на луѓето.

„Ноторните лаги никому не се од корист. Граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести во пресрет на претстојниот референдум и официјализирањето на членството во НАТО“, напиша таа на Фејсбук.

Министерството за одбрана најостро ги демантира шпекулациите кои се споделуваат на социјалните мрежи.

 

 

 

16.08.2018 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега