Армијата ќе добе нов началник - од Брисел се враќа генералот Ѓурчновски
На прославата која ќе се одржи утре ќе биде соопштен новиот началник на Генералштабот на Армијата, објави Телма повикувајќи се на свои извори.
Од телевизијта информираат дека на позицијата ќе биде назначен генерал мајор Васко Ѓурчиновски, кој се враќа од Брисел каде досега ја извршуваше функцијата постојан воен претставник на АРМ во седиштето на НАТО. Ѓурчиновски ќе го наследи досегашниот началник, генералот Методија Велишковски кому задутре му истекува тригодишниот мандат.
За решението е разговарано подолг период, а денеска во кабинетот на врховниот командант, претседателот имало средба на Иванов со министерката Шекеринска и со двајцата генерали Велишковски и Ѓурчиновски. Решението за нов началник било прифатливо и за претседателот и за министерката.
Генералот Ѓурчиновски беше командант на Здружената оперативна команда, највисокото тело во АРМ, а претходно беше и командант на армиските специјалци и аѓутант на претседателот Иванов. По воена обука е специајлец. Величковски според плановите на одбранбениот врв ќе остане како советник на новиот началник и ќе му помага со спроведувањето на новата одбранбена стратегија во пресрет на членството во НАТО. Покрај тоа, планирани се и огласи за проширување на мрежата на воени аташеа, а Парис и Франција е првата дестинација каде треба да се бара офицер кој ќе биде воено аташе на АРМ и на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа