Маж киднапиран во Тетово - од неговиот син барале 20.000 евра за ослободување

Двајца жители од Мала Речица и тетовчанка грабнале жител од тетовското село Орланци кој сакал да донира хуманитарна помош, го затвориле во стан во Тетово и се обиделе од неговиот син  да изнудат 20.000 евра.

Полицијата ги уапсила 41-годишниот Ф.Р.и 36-годишниот С.М. од село Мала Речица и против нив поднела кривична пријава за изнуда и за противправно лишување од слобода. 

Против тетовчанката, 37-годишната Н.И. поднесена е кривична пријава за противправно лишување од слобода.

Истрагата утврдила дека во јули и август 2018 година 57-годишниот С.П. од село Орланци неколкупати телефонски контактирал со Н.И. која на Фејсбук барала хуманитарна помош.

На 16 август С.П. отишол во станот на улицата Илинденска каде што престојувала Н.И. третопријавената со цел да и даде хуманитарна помош, таму биле и Ф.Р. и С.М. Тетовчанката  веднаш ја заклучила вратата и си заминала од станот. Откако настанала вербална расправија околу посетата, Ф.Р. од телефонот на оштетениот се јавил на неговиот син и му барал 20.000 евра за да го ослободи неговиот татко.

Синот веднаш ја известил полицијата, по што тројцата биле приведени.

 

 

 

 

22.08.2018 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега