Планинар од Хрватска почина на Кораб планина

Во Центарот за информации и команда Тетово, вчера во 18:20 часот било пријавено дека на  местото викано „Кобилино поле“, атар на Маврови Анови, на Кораб Планина има планинари-државјани на Република Хрватска, претставници на планинарско друштво од Сплит.

Како што информираат од МВР, на 58-годишниот П.П. од Сплит му се влошила здравствената состојба и побарал помош. Со хеликоптер на МВР лицето било донесено во Градската општа болница „8-ми Септември“-Скопје, каде од страна на лекар била констатирана смрт. 

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден. 

 

 

 

 

23.08.2018 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега