Несреќа во Скопје: Малолетник со возило удри во дрво - три лица однесени на Ургентен

На локалниот пат населба Илинден-село Трубарево, вчера во 5 часот патничко возило „Сеат Кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишниот И.Ј. од село Трубарево, скопско, излеталo од коловозот и удрилo во дрвја. 

Возачот и сопатниците Б.Д.(17) и К.Т. (19), двајцата од Скопје, со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.  

На сите им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

 

 

23.08.2018 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега