Тешка сообраќајка утрово во Дебар Маало - има повредени, врие полиција и пожарни

На крстосница на улиците „Аминта Трети“ и „Орце Николов“ во скопско Дебар Маало утрово се случи сообраќајка несреќа во која има повредени лица. 

 

Се судрија автомобили „Фиат линеа“ и „Цитроен Ц3“. Повредените лица со возило на брза помош се пренесени на некоја од скопските болници.

 

На местото на несреќата е присутно возило и на Противпожарната служба.

Сообраќајот привремено е во прекин. 

 

 

 

24.08.2018 - 08:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега