Им се откачила приколката додека истоварале песок - тешко повредени работници од Железара

Во 22.13 часот во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, со повреди биле донесени 50-годишниот М.З. и 56-годишниот П.О. двајцата од Скопје, вработени во приватна фирма. 

При истовар на песок во кругот на фабриката „Железара“ од камион, се откачила приколката и тие се здобиле со повреди.

Кај нив биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош биле задржани на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

24.08.2018 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега