Охриѓанец се заклучил во својата куќа и ја запалил

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишен охриѓанец за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

Како што информираат од МВР, на 31 јули околу 10:30 часот во Охрид, во семејниот дом, пријавениот ја изнел својата мајка надвор од куќата, а потоа влегол внатре, се заклучил и предизвикал пожар во една од просториите.

Откако неговата мајка побарала помош, соседите насилно ја отвориле влезната врата од куќата, по што пријавениот се дал во бегство.

 

 

 

 

24.08.2018 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега