Југо удри во мотор - маж заврши на Клиника

Вчера околу 11:45 часот во Скопје на крстосница од улица „Борис Сарафов“ и улица „Крсто Јаковски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо темпо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот А.Ј. од Скопје, и моторцикл „Томос“, исто така со скопски ознаки, управуван од 70-годишниот Д.А. од Скопје.

Д.А. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.

Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

25.08.2018 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега