Експлозија пред куќа во Куманово

Во Секторот за внатрешни работи Куманово, 30-годишниот А.Д. од Куманово пријавил дека слушнал детонација од експлозивна направа пред капијата од неговата куќа. Излезено е на местото на настанот и првично е  констатирано дека најверојатно е ставена експлозивна направа во корпа за смет пред капијата. Во настанот повредени лица нема, предизвикана е само материјална штета на прозорците од куќата. Полиијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

25.08.2018 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега