Нападнат тинејџер во Скопје: Му побарале пари, па со нож му нанеле расекотини

Во Полициска станица Центар, вчера во 01:30 часот 57-годишниот Џ.Б. од село Црн Врв, скопско, пријавил дека на 24.08.2018 година околу 21:10 часот на улица „Филип II Македонски“, поточно во парк „Жена борец“, додека неговиот 17 годишен син се движел пеш, неколку лица му побарале пари и откако истиот не им дал, физички го нападнале, при што едно од лицата со нож му нанел расекотини, а потоа го напуштиле местото на настанот. 

Момчето се упатило во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

25.08.2018 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега