Мртов маж пронајден во двор од куќа во скопско Тафталиџе

Непознато машко лице вчера околу 19 часот било пронајдено во двор на семејна куќа во скопско Тафталиџе.
На 25.08.2018 година во 19,20 часот во Скопје, во двор од куќа на улица „Багдадска“ сопственост на Д.А.(65), пронајдено е починато непознато машко лице. Извршен е увид на местото на настанот, По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.“ – стои во информацијата од МВР испратена до медиумите.

Нема информации за идентитетот на човекот ниту пак дали на телото се пронајдени траги на насилство.
МВР работи на расветлување на случајот.

 

 

 

26.08.2018 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега