Адвокатите на две судења истовремето - Фетаи не дозволува да се одложи „Титаник2"
Димитар Дангов, адвокатот на Сашо Срцев не дојде на судењето за Титаник 2 поради судењето за настаните во Собрание каде брани обвинет, а тоа го изнервира судијата според кој адвокатот е несериозен и ќе го казни за истото.
Фетаи вели дека судењето не смее да се одложи бидејќи адвокатот знаел месец порадо за рочиштето, пренесе А1.он.
На денешното рочиште за „Титаник 2“ треба да бидат сослушани сведоците Борис Кондарко, Виолета Дума, Субхи Јакупи и Васил Крстев.
Во предметот обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа