По дождот се враќа летото: Какво време не чека до крајот на неделата
Ако се прегледаат долгорочните прогнози денешните временски услови воопшто не треба да ги загрижуваат оние кои сакаат долго лето.
Циклонот кој денеска поминува над Македонија ќе се задржи само во текот на денешниот ден. Наоблачување ќе има и утре но температурите веќе ќе се вратат на границата околу 30 степени.
Од среда се најавува дополнителни разведрување и температури кои ќе надминат 30 степени, додека во четврток и петок па и за време на викендот ќе имаме вистинско лето со температури кои некаде ќе достигнуваат и повеќе од 35 степени.
Идната недела повторно се најавуваат услови за дестабилизација и намалување на температурите малку под 30 степени, но со оглед на циклонските активности, тешко е да се направи прогноза за толку долг период.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа